Машката македонска ракометна репрезентација трет ден е во Стара Пазова. Таму напите ракометари го одработуваат првиот дел од подготовките за Европскиот шампионат.
На вечерашниот тренинг на останатите во тимот им се приклучи и левиот бек Филип Талевски.
Тој имаше обврски со својата екипа Бенфика во португалското првенство, па затоа популарниот „Тале“ малку подоцна му се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров.
Останува на националниот тим да им се приклучи и голманот Никола Митревски кој исто така има обврски со својот тим Порто. Тој треба да се стави на располагање веќе во понеделник.
Така Лазаров ќе го има комплетниот тим за првата контрола закажана за 29 декември во Стара Пазова против Црна Гора.