19-то издание на Светското клупско првенство на ФИФА што се одржува во Мароко започнува вечерва (20 часот) со натпреварот меѓу, африканскиот вице-првак Ал Ахли кој ја има улогата на организатор на овој турнир и шампионот на Океанија тимот на Оукленд Сити од Нов Зеланд.

Ова практично е осминафинален натпревар од кој победникот во четвртфиналето ќе оди на мегдан на американскиот тим Сиетл Саундерс, шампиони на КОНКАКАФ (18:30 часот), додека во практично првиот четвртфинален меч што ќе се игра исто така на 4 февруари (15 часот) ќе се сретнат африканскиот шампион и практично домаќин Вајдад Казабланка и азискиот првак Ал-Хилал (Саудиска Арабија).

Најголемите фаворити за титулата, европскиот и шпански шампион Реал Мадрид како и бразилскиот тим Фламенго, победникот во Копа Либертадорес, се директни учесници во полуфиналето, кое според програмата ќе се игра на 7 и 8 февруари во Рабат, каде на 11 февруари ќе се одигра и финалето.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1/8-финале
Тангер, 20:00 часот на 1 февруари Ал Ахли – Окленд Сити
1/4-финале
Тангер, 18:30 на 4 февруари Сиетл Саундерс – Ал Ахли / Окленд Сити
Рабат, 15:30 на 4 февруари Вајдад – Ал Хилал
1/2-финале
Тангер, 20:00 часот на 7 февруари Фламенго – Видад / Ал Хилал
Рабат, 20:00 на 8 февруари Сиетл Саундерс, Ал Ахли или Окленд Сити – Реал Мадрид
Рабат, 16:30 на 11 февруари за 3 место
Рабат, 20:00 часот на 11 февруари ФИНАЛЕ