Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлика следната сезона 2024/2025 во машката Супер лига да брои 12 екипи.
Ваквата одлука доаѓа со цел да се зголеми конкурентноста во натпреварувањето. Со тоа се намалува бројот на екипи од 16 на 12.
Во Супер лигата следната сезона ќе играат годишните осум тима кои обезбедија место во плејофот: Алкалоид, Вардар, Е. Пелистер, Тиквеш, Охрид и Бутел, Пролет и Струга.
Ним ќе им се приклучат и двете првопласирани екипи од плејаутот.
Лигата ќе биде пополнета со шампионот од Првата лига, како и победникот од баражот. Во него ќе играат 3-то пласираниот од плејаут и 2-ро пласираниот од Првата лига.
Следната сезона во Супер лигата нема да има место за екипите од 4 до 8 место во годинашниот плејаут.
Ќе има и промени во системот на натпреварување и бодувањето.
Ќе се игра во една конкуренција (наместо досегашните две групи). Екипите ќе одиграат по 22 натпревари (дома-гости). Победата ќе носи 2 наместо досегашните 3 бода. Ова ќе биде првата фаза. Во втората, првите шест екипи на табелата ќе разигруваат во плејофот за титула дополнителни 10 рунди. Тимовите од 7 до 12 место ќе играат плејаут за опстанок.
Промени има и во пренесувањето на бодовите од првата во втората фаза.
Во плејофот според пласманот ќе бидат пренесени (или не) следните бодови.
Првото место пренесува 3 бода, 2 и 3 по 2 бода, 4 и 5 по 1 бод, а 6-то рангираниот 0.
Истото се однесува и за екипите кои ќе продолжат во плејаутот.
Седмо пласираниот (7) пренесува 3 бода. Со по 2 бода ќе почнат 8-мо и 9-то рангираните, а по 1 бод ќе пренесат 10-от и 11-то рангираните. Најслабата екипа од првиот дел (12.место) во плејаутот ќе почне од нула (0).
Воедно последно пласираната екипа од плејаут конкуренцијата, се сели ранг подолу. 11-то рангираната ќе игра бараж со второ пласираниот тим од Првата лига. По овој меч ќе се знае последниот тим што ќе игра во Супер Лига во сезона 2025/2026.