Екипата на Џирона е хит на сезоната во Европа. Овој тим игра одличен фудбал и по 18 кола во Ла Лига го дели 1.место на табелата со Реал Мадрид. Двата тима освоија по 45 поени.

Се чини дека Џирона би можела да го задржи овој ритам и во продолжението од првенството. Со тоа логично би ја оставиле ова екипа меѓу четирите најдобри што би ја однеле во Лигата на шампионите.

Сепак, како што сега стојат работите, овој тим нема да може да игра во елитното натпреварување, дури и да го добие на теренот.

Причината е што сопственикот на Џирона е и прв човек на Манчестер Сити. Имено Џирона е филијала на актуелниот европски шампион. Според правилата на УЕФА, два клуба со ист сопственик не можат да играат во исто натпреварување.

Значи, ако се остане вака, Џирона не би играла во Лигата на шампионите, туку во Лига Европа, дури и да заврши меѓу четирите најдобри екипи.

Сепак, треба да се очекува дека луѓето од Џирона и Сити ќе најдат некаков модел со кој ќе го избегнат ова сценарио. Пример би можеле да бидат Лајпциг и Салцбург.