Една по една национални фудбалски федерации јавно ја истакнуваат поддршката за Европската фудбалска Унија (УЕФА).
Ова откако денеска Европскиот суд реши дека УЕФА нема право да забрани формирање на така-наречена Супер лига.
Во шпанската Ла Лига денешните два натпревари започнаа со паролата „Заслужете го тоа на теренот“, алудирајќи дека фудбалот не е само за нај богатите.
Во тој контекст и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со поддршка за европската.
На својата официјална страна на Фејсбук излезе со став во кој се вели.
„Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА.
Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта.
Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински фер плеј.
За љубовта кон играта што не обединува и не мотивира сите заедно“.