Екипата на Барселона многу потешко од очекуваното стигна до трите бодови во дуелот со Алмерија.
Во натпреварот од 18.коло на Ла Лига на кој беа постигнати пет гола, Барселона пред својата публика славеше со 3-2.
Барселона поведе во 33.минута со голот на Рафиња. Гостите во 41-та преку Лео Баптистао израмнија на 1-1.
Во вториот дел уште три гола на „Минжуик“.
Во 60-тата минута кога Роберто ја затресен гостинската мрежа. Сепак по кардиналната грешка на домашниот голман Пена, во 71.минута Гонзалез одново израмни (2-2).
Чави фрли се на една крта и офанзивно тргна Барса по нов гол. Тоа се случи во 83.минута кога Роберто го постигна својот втор, а трет го за Барса. Имаше шанса капитенот и за хет-трик во продолжението, но ја погоди пречката, а резултатот остана не променет 3-2.
Барселона барем до сабота е на третата позиција на табелата. Каталонскиот им сега има 38 бодови, три повеќе од Атлетико кој во оваа рунда треба да игра против Севиља.