Дарио Ивановски заслужено го доби признанието за најдобар атлетичар на Македонија за 2023 година.

Тој до ова признание стигна пред се на резултатот постигнат на маратонот во Валенсија кога истрча нов државен рекорд (2:11.53 часа) и освои 1129 поени според ИААФ таблицата. Ивановски (член на АК Коранерс), оваа година имаше исклучителни резултати и победи пред се на доашните натпреварувања.

Благодарност до тие што веруваа во мене целата оваа година.

Збунет сум пред се за резултатот што го истрчав. Искрено верува дека можам да истрчам резултат 2:13 или 2:14 часа. Тоа што се случи во Валенсија не го очекував, но со напорна работа Бог ги прати храбрите.

Имам и порака до младите атлетичари, да веруваат во себе и да веруваат во нивните тренери еден ден целата работа ќе се исплати, истакна Ивановски.

Наградата за најуспешен ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Наградени беа и други атлетичари во неколку категории, но ги очекуваме официјалните имиња од страна на Атлетската федерација.