Екипата на Борусија Дортмунд е се подалеку од конкурентите што претендираат за трофејот во Бундес лигата.

Во дуелот од 16.коло во Дортмунд, Борусија одигра само 1-1 со Мајнц. 

Домаќините поведоа со фантастичниот гол на Јулијан Брант од слободен удар во 29-тата минута. Во самиот финиш на првиот дел (43) Холанѓанецот Ван дер Берг израмни на 1-1. 

Со само една победа на последните четири натпревари, Борусија сега има 27 бодови дури 12 помалку водечкиот Баер Леверкузен. Водено „милионерите“ заостануваат 4 бода зад Штутгарт во борбата за позициите што водат во Лигата на шампионите. 

Мајнц пак е дури 15-ти со само 10 освоени бодови на 16 одиграни натпревари и ќе води тешка битка за опстанок.