Екипата на Борусија Дортмунд освои само бод на гостувањето кај Аугсбург во натпреварот од 15.коло во Бундес лигата.
Иако „милионерите“ од Дортмунд важеа за фаворити на гостувањето кај Аугсбург, сепак не ја оправдаа улогата и одиграа само нерешено 1-1.
Босанецот, Демитровиќ во 23.миута не очекувано им донесе водство на домаќините.
Тоа како да ги разбуди гостите па притиснаа по голот на домашниот состав. Тоа донесе резултат веќе во 35.минута кога Холанѓанецот, Мален израмни на 1-1. До крајот на првиот дел не видовме поголема шанса за трет гол.
Најголемите возбудувања се случија во судиското дополнение на натпреварот. Двата тима имаа по две шанси за гол и за победа но резултатот остана не променет.
Со двата загубени бодови Борусија го губи чекорот со екипите од самиот врв. „Милионерите“ остануваат петти со три бодови помалку од четврто рангираниот Лајпциг кој попладнево игра со Хофенхајм.
Лидерот на табелата Баер Леверкузен и „бега“ на Борусија дури 10 бодови.