Со двата натпревари одиграни попладнево комплетирана е 11-тата рунда во женската ракометна супер лига.

Екипата на Куманово не дозволи изненадување и на гостувањето кај Стружанка славеше убедлива победа. Кумановки славеа со 28-19 и се вратија на четвртото место на табелата.

Во ниту еден момент триумфот на гостинките не беше доведен во прашање. Уште на полувремето беше јасно дека бодовите ќе бидат впишани на контото на кумановки кои замина со предност од седум голови (17-10). Вториот дел само рутински го одработија и заслужено се израдуваа на својата деветта победа сезонава. Габриела Величковска со 10 и Јана Ѓошевска со 8 голови беа најефикасните ракометарки кај победничката екипа, но и на натпреварот.

Во првиот денешен натпревар екипата на Скопје го победи Овче Поле со 26-22.

Во ова коло немаше изненадувања, па фаворитките забележаа очекувани победи.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 11.КОЛО
недела
СКОПЈЕ – ОВЧЕ ПОЛЕ 26-22
СТРУЖАНКА – КУМАНОВО 19-28
Одиграно вчера (сабота)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН 63-16
ЧАИР СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА 38-13
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР 38-25
ДЕСПИНА –АСТИБО 28-22
Одиграно во четврток
СПАРТАК – ВАРДАР 34-39

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 33 бодови, Чаир 28, Металург Автокоманда 27, Куманово 27, Вардар 25…

Ивона Кимовска