Атлетико Мадрид извојува победа на домашен терен против Алмерија од 2:1. Ова беше осми натпревар кој Атлетико го одигра на „Метрополитано“ и има максимален учинок од осум победи.

Одличен старт имаа фудбалерите на Диего Симеоне. Имено, во 6-тата минута Атлетико дојде до водство, но голот на Антоан Гризман беше поништен.

Набрзо Алваро Мората биеше за 1:0 по асистенција на Гризман (17-та минута). А, само 5 минути подоцна Анхел Кореја зголеми на 2:0.

Во вториот дел Алмерија успеа само да намали на 2:1 преку Лео Баптистао. Крајниот резултат беше 2:1.

Атлетико по 15 одиграни кола се искачи на третата позиција поминувајќи ја Барселона, која вечерва со почеток од 21:00 часот ја пречекува незгодната Жирона.