Шампионот во Премиер лигата Манчестер Сити, конечно победи и ја прекина серијата од четири натпревари без триумф. Тие попладнево славеа пресврт победа на гостувањето кај Лутон со 2:1.

Со овој триумф остнаа на четвртото место со 33 бодови и сега се на четири бодови зад лидерот Ливерпул. Во ова коло и лидерот Ливерпул од негатива од 0:1 стигна до победа до 2:1.

Домаќинот поведе во судиското надополнување од првиот дел  (45+2 минута) преку Елијах Адебајо. Фаворитот изедначи во 62.минута со голот на Бернардо Силва. Три минути подоцна англискиот репрезентативец Џек Грилиш ги постави конечните 2:1.

На „Гудисон парк“ Евертон го надигра Челзи и славеше победа со 2:0, а стрелци на головите беа Абдулае Дакуре во 54.минута, а победата за „карамелите“ ја потврди Луис Добин во 90+2 минута.

Вистинска „голеада“ имаше на натпреварот на градските ривали, каде Фулам го совлада Вест Хем со 5:0 и сите пет стрелци беа различни играчи.

Последниот натпревар од 16.коло го играат Тотенхем и Њуксал од 17:30 часот.