Со одигрувањето на петте натпревари од 18.коло заокружен е есенскиот дел на шампионатот во Првата фудбалска лига. 

Актуелниот шампион Струга Трум Лум ќе презими на првата позиција на табелата. Ова откако стружани со двата гола Компаоре на ја совладаа Брегалница со 2-1 победничкиот постигнат во судиското дополнение. 

Дербито во Тетово им припадна на домаќините, а Шкендија славеше против Силекс со 2-1.

Домаќините поведоа со голот на Аганспахиќ 8.минута, а веќе во 18-тата Георгиевски од пенал израмни на 1-1. Во вториот дел уште два гола во мрежата на гостите. Агаспахиќ во 61-та и Тотре во третата минута од судиското дополнение му донесоа победа на домашниот тим. 

Во Струмица, со голот на Трапановски (47) Шкупи ја совлада Брера со 1-0. 

Глишиќ во 23-тата и Велковски во 87.минута беа стрелци на головите за Вардар во победата над Тиквеш.

Најефикасниот натпревар се одигра во Охрид каде Воска го победи Работнички со 3-2. Домаќините имаа водство од 2-0, но гостите успеаја да го анулираат. Сепак, Нигериецот, Олатунбосун со голот во 87.минута им донесе важни бодови на домаќините во борбата за опстанок.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА – 18.КОЛО
денеска
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 3-1
БРЕРА СТРУМИЦА – ШКУПИ 0-1
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-1
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-0
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 3-2
вчера
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

Standings provided by Sofascore