Претстојното претпоследно коло во есенскиот дел кај одбојкарите може да ја намали конкуренцијата за влез во Втората фаза-1, односно во шампионскиот натпреварувачки сегмент напролет.

Засега математички сигурни се само три екипи. Шампионот Струмица која веќе ги ја одработи задачата и стигна до 10-тата победа, како и Штип УГД и Лирија кои имаат по седум победи.

Екипите на Весна Пробиштип и Работнички можат да ја завршат работата во оваа првенствена рунда, а како што изгледа табелата сега, Универзитет во Тетово и Шкендија ќе се борат за последната, шеста „виза“.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
сабота
12.00 ВАРДАР – УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО
18.00 ЛИРИЈА – ЈАНТА ВОЛЕЈ
18.30 ВЕСНА ПРОБИШТИП – ГОК БОРЕЦ
Понеделник
18.00 ШТИП УГД – ШКЕНДИЈА
среда
19.30 МАКЕДОНИЈА ЏИО – РАБОТНИЧКИ
одиграно вчера (петок)
СУШЕВО – СТРУМИЦА 0-3

ТАБЕЛА: Струмица 10-0, Штип УГД 7-2, Лирија 7-2, Работнички 6-3, Весна Пробиштип 6-3, Шкендија 5-4, Универзитет во Тетово 5-4, ГОК Борец 4-5, Сушево 2-8, Јанта волеј 2-7, Вардар 1-8, Македонија Џио 0-9.