Попладнево во Кратово и Охрид ќе се одиграат двата заостанати натпревари од 15.коло во Првата фудбалска лига. 

Ова се дуелите кои пред десетина дена беа одложени, а поради снежните врнежи во Македонија. 

Во Кратово, дуел на големите ривали и повеќекратни некогашни шампиони Силекс и Вардар. Според пласманот на табелата вардарци кои се последни сега се во улога на аутсајдери. Сепак, треба да очекуваме интересен дуел во кој двата тима ќе атакуваат на трите бода. 

Иста цел ќе имаат и езерските ривали Воска спорт и Струга Трим Лум во дуелот што ќе се игра во Охрид. 

Шампионот во трка по двете водечкиот на табелата Шкупи зад кој заостанува три бодови, а Воска во бегство од опасната зона за опстанок во лигата. 

Двата натпревари ќе почнат во терминот од 13 часот. 

 

Standings provided by Sofascore