Одбојкарскиот шампионат на Македонија во двете конкуренции денеска нуди два дерби дуели.

Првиот ќе се игра во Штип во машка конкуренција. Во него Штип УГД ќе ја пречека Струмица.

Домаќините досега забележаа седум победи на осум натпревари со што најавуваат дека ќе се борат за највисок пласман сезонава. Ист „скор“ има и второ пласираната Лирија, додека актуелниот шампион Струмица е лидер на табелата, вечерва ќе атакува на деветтата победа.

Овој натпревар ќе започне од 19 часот, а еден час подоцна (20) во Скопје ќе стартува женското дерби.

И на тој меч дуел на прво и трето пласираните екипи на табелата.

Составот на Јанта по завчерашната победа над Наколвски волеј, сега ќе се обиде да ја совлада и втората струмичка екипа. Но, пред своите симпатизери одбојкарките на Јанта волеј ќе имаат  тешка задача. Тие го пречекуваат лидерот на табелата составот на Струмица жени кој досега не знае за пораз.

Табела – Прва лига жени: Струмица 10-0 (победи-порази), Наковски волеј 9-2, Јанта волеј 8-2, Работнички Скопје 6-5, Фит фан волеј 4-7, Младост УГД 4-7, Вардар ЕМ 2-9, Вардар жени 0-11.

Табела – Прва лига мажи: Струмица 8-0 (победи-порази), Лирија 7-2, Штип УГД 7-1, Весна Пробиштип 6-3, Шкендија 5-4, Работнички 5-3, Универзитет во Тетово 5-4, ГОК Борец 4-5, Јанта волеј 2-6, Сушево 2-7, Вардар 1-8, Македонија Џио 0-9.