По една недела пауза, а поради ЕХФ недела и настапот на репрезентацијата, продолжуваат натпреварите во женската Супер лига.
Во десеттото коло дербито ќе се игра меѓу екипите на Вардар и Металург Автокоманда. Ова е дуел на второ и четврто пласираните екипи на табелата, кои ги дели само еден бод. Вардарки се веднаш зад лидерот Ѓорче Петров, кој има максимални 27 бодови. Црвено-црните имаат 22 колку и трето рангираниот Чаир, по кого следуваат Металург Автокоманда и Куманово со 21 бод.
Тое се и екипите кои претендираат за највисок пласман, а со тоа и настап на меѓунардоната сцена, следната сезона.
Натпреварот меѓу Вардар и Металург Автокоманда ќе се игра во салата ,,Круме Кепевски” со почетокот од 18:30. Овој натпревар ќе го судат Здравковска Андриана и Божиновска Сања.
Утре ќе се одиграат два натпревари. Куманово игра против екипата на Скопје, а Ѓорче Петров гостува кај тимот на Гевгелија.
Во недела на програмата се закажани четири натпревари. Астибо го пречекува тимот на Спартак, Деспина гостува кај Шампион. Чаир игра против екипата на Овче Поле во Свети Николе, а Стружанка ќе се соочи со Пелистер во Битола.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – следно 10.КОЛО
петок
18.30 ВАРДАР – МЕТАЛУРГ А.
сабота
13.00 ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
15.30 КУМАНОВО – СКОПЈЕ
недела
12.00 АСТИБО – СПАРТАК
12.00 ШАМПИОН – ДЕСПИНА
17.00 ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА
19.00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 27 бодови, Вардар 22, Чаир 22, Металург Автокоманда 21, Куманово 21…
Ивона Кимовска