Полските хулигани повторно направија голем инцидент. Имено пред почетокот на натпреварот во Лига Европа меѓу Астон Вила и Легија Варшава што се играше во Бирмингем, гостинските навивачи се судриле со полицијата. 

Инцидентите се случија пред почетокот на натпреварот во близина на стадионот „Вила парк“. Врз полицијата беа фрлени пиротехнички средства, а тројца полицајци се повредени. 

Англиските медиуми пренесуваат дека еден од нив се здобил со изгореници и веднаш бил префрлен во болница, но е надвор од животна опасност.

Полицијата поради овие инциденти забрани влез за полските навивачи на стадионот.

Уапсени се 39 лица потврдија од полицијата.