Рома на својот „Олимпико“ триумфираше над Удинезе со 3:1. Со овој триумф се избија на 5-тата позиција на табелата.

Рома го отвори натпреварот во 20-тата минута и дојде до водство од 1:0. Стрелец на голот беше Џанлука Манчини по прекрасната асистенција на Пауло Дибала.

Без посериозни прилики до крајот на првиот дел двете екипи заминаа на одмор.

Во второто полувреме Удинезе притисна и успеа да дојде до изедначување со голот на Флориан Тован во 57-та минута.

Пауло Дибала својот одличен настап го потврди со гол во 80-тата минута. Ромелу Лукаку додаде, а Дибала со одличен удар надвор од шестнаесетникот постигна погодок за 2:1.

За конечните 3:1 се погрижи Стефан Ел Шарави, кој со помош на стативата постигна погодок за победа на својот тим.