Реал Мадрид лесно се справи со Кадиз славејќи триумф од 3:0. Творци на победата на „Кралевите” беа Родриго со два гола и Англичанецот, Белингам.

Реал доминација ја најави уште во првиот дел. По соло продор Родриго Гоес го отвори резултатот. Во вториот дел, нвоа соло акција Родриго кој зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Белингам.

Со овој триумф Реал ќе „преноќи“ на чело на Ла Лига. Со 35 бода Реал засега е на првото место пред Џирона со 34 бода и натпревар помалку. Кадиз се на 16-та позиција со 10 бода.

Андреј Велјаноски