Јунајтед славеше со 3:0 на „Гудисон Парк“ во меѓусебниот дуел со Евертон од 14.коло во Премиер лигата.

Прекрасен почеток на натпреварот за љубителите на фудбалот. Аргентинецот Алехандро Гарначо со извонредни „ножички“ го изненади Пикфорд за водство на Јунајтед од 1:0 уште во третата минута.

Евертон имаше две прилики за гол до крајот на првото полувреме, но Онана беше на висина на задачата и резултатот остана непроменет.

Маркус Рашфорд зголеми на 2:0 во 56-тата минута по прецизно изведениот пенал.

Конечните 3:0 ги постави Антони Марсијал во 75-тата минута на асистенција на Бруно Фернандеш.