И во Абу Даби до победата стигна Макс Ферстепан од Ред Бул со уште една доминантна соло трка за крај на 2023 сезона во Формула 1.
Верстапен ја одбрани шампионската титула и стигна до рекордната 19-та победа во сезоната од 22 трки во шампионатот.
Само Перез на двапати и Саинц еднаш се радуваа на победа оваа сезона.
Шампионот беше решен веќе од поодамна но не беше само јасно кој ќе биде на второто место кај конструкторите.
Сепак до тоа место стигна тимот на Мерцедес кои на крајот завршија пред Ферари со само три бода предност.
Место на подиумот обезбедија Леклерк и Расел. Бодови уште освоија и Перез, двата пилота на Мекларен, Норис и Пијастри, Алонсо, Цунода, Хамилтон и Строл.
Конечната табела на најдобрите пет возачи за 2023 сезона е: Верстапен со 575 бода, Перез освои 285, Хамилтон со 234, Алонсо и Леклерк собраа по 206, а Норис 205 бода.