Екипата на Алкалоид ја оствари и 12-тата победа во исто толку одиграни натпревари во Супер лигата. На дуелот против Струга, а во натпревар од 12.коло во „А“ групата, Алкалоид славеше со 29-17.
Иако стружани формално беа домаќин, на натпреварот што се одигра во Автокоманда, беа рамноправен противник во воведните 10-тина минути кога резултатот беше израмнет 4-4. Но, во втората половина Алкалоид по 9-4, направи серија со 6-1 и на полувреме поведе со 15-07.
Уште тогаш стана јасно дека избраниците на Лазов ќе се радуваат на нова победа, а таа на крајот беше изразена со 12 голови разлика.
Со по четири постигнати голови во победничкиот тим се истакнаа Иван Џонов, Михајло Младеновиќ и Давид Савревски, додека Мерис Бошњак постигна пет за поразениот тим.
Алкалоид и по 12 одиграни натпревари станува единствената непоразена екипа во Супер лигата. Тимот о Автокоманда сега има 36 бодови, шест повеќе од Тиквеш кој утре на гости кај Охрид го игра дербито на ова коло.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 12 КОЛО
А ГРУПА
петок
СТРУГА – АЛКАЛОИД 17-29
сабота
18.30 ОХРИД – ТИКВЕШ
недела
19.00 АЕРОДРОМ – Е. ПЕЛИСТЕР 2
19.00 КУМАНОВО – СКОПЈЕ
ТАБЕЛА: Алкалоид 36 бодови, Тиквеш 30, Охрид 24, Струга 18, Аеродром 13, Е. Пелистер 2 9, Скопје 2, Куманово 1.