Фудбалерите на Баерн Минхен привремено се вратија на врвот на табелата во германскиот шампионат. 

Во воведниот натпревар од 12.коло на Бундес лига, а на гостувањето кај последно пласираниот Кел, екипата на Баерн славеше минимално со 1-0. 

Стрелец на единствениот гол на мечот беше Хари Кејн во 20-тата минута. Тоа беше 18 гол за Англичанецот во неговиот 12 натпревари сезонава во Бундеслигата.

Ниту еден Англичанец во Бундеслигата нема постигнато повеќе голови во Бундеслигата иако сезоната не е ниту до половина. 

Баерн сега има 32 бода, еден повеќе од Баер од Леверкузен кој утре ќе игра против Вердер.