Македонскиот одбојкарски шампион Струмица претрпе убедлив пораз во првиот натпревар од во 1/16-финалето на ЦЕВ Купот.
Во мечот одигран вечерва пред својата публика, Струмица загуби од германскиот тим СВД Пауарволеј Дурен со 0:3 во сетови.
По почетното испитување на силите, во кое струмичани имаа поен негатива (3-4), гостите со серија 8-0 се одлепија на 12-3. Таквата предност искусниот гостински тим знаеше како да ја сочува и да го добие првиот сет со 25-15.
И вториот налик на првиот сет. Но, во овој германската екипа имаше две мини серии. Првата со 3-0 и втората со 5-0, за водство од +8 (12-4). македонскиот првак не се предаде така лесно и се врати во игра намалувајќи на (10-13). Сепак немаа доволно сили за комплетно да ја анулираат негативата, па противникот го доби и тој сет со 25-19.
Најдоброто македонскиот шампион го презентира во третиот сет. Струмица играше рамноправниот се до 10-10. Потоа гостите со неколку мини серии се одлепија и на пет поени разлика (19-14). Тука веќе беше јасно дека и овој сет ќе оди во полза на противникот и тоа со 25-17, за конечни 3:0 во сетови.
По овој убедлив пораз јасно е дека Струмица нема што да бара на реванш мечот во Германија што ќе се игра по седум дена (30 ноември од 19 часот).