Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски ќе се бори за титулата светски шампион.

Илиоски избори настап во финалето на Светското првенство што се одржува во португалскиот град Албуфеира.

Тој во полуфиналето на дисциплината лоу-кик (до 86 килограми) убедливо со 3-0 го совлада претставникот на Азербејџан, Ељан Алкишиyев

Така Илиоски во финалната борба за светското злато ќе се бори со Нурбек Уришбоев од Узбекистан.