Англичаните имаа успешна „кампања“ во квалификациите за ЕУРО 2024-та. Тие се пласираа на првенството во Германија следното лето. Но, во Скопје не минаа како што посакуваа.
Манчестерските 7-0 од првиот меч се потврдија само како лош ден на Македонија.
Селекторот Герет Саутгејт за нерешениот исход вечерва во Скопје, изговор побара во новата трева на стадионот.
„Во текот на целите квалификации игравме одлично. Така беше и вечерва.
Доминиравме имавме шанси но, кога требаше да постигнеме гол, немавме завршница.
Играчите не се прилагодија на теренот на игралиштето и беше тешко во тие услови.
Мислам дека бевме оштетени за барем една судиска одлука за пенал во наша корист“,
изјави Саутгет по натпреварот, за англиската телевизија Канал4.