Благоја Милевски, селекторот на нашата репрезентација, по натпреварот со Англија одржа прес-конференција.

Гордоста на селекторот на Македонија кон своите играчи не може да биде поголема.

Овие две години не само што напредуваме, туку напредуваме заедно со подмладувањето на репрезентацијата. Извлековме група која мислам дека и сам да ја составував потешка и да сакав немаше да можам. Но, се она што го покажаа играчите на терен, пред се младите, не можам да не бидам задоволен и горд бидејќи докажаа што значи да се носи македонскиот дрес. 

Милевски кажуваше и за иднината на македонската репрезентација.

Прекините ни се проблем на кој и понатаму треба да работиме. Не чека доста сериозна работа за да дојдеме во ситуација да бидеме уште поконкурентни за ниво на кое јас мислам дека може да стигнеме. Жал ми е што не им се награди трудот на момците. Имаме план, имаме цел, овие млади момци имаат огромен квалитет, огромен потенцијал и што е најважно карактер. 

Исто така, селекторот е изреволтиран бидејќи врвни играчи од репрезентацијата имаат минимална минутажа во своите клубови.

Минутажата на голем број од играчите во нивните клубови е мизарна. Но, кога ќе дојдат тука даваат се од себе и се претставуваат себеси во најдобро светло. Играчи како што се Елмас и Барди, кои играат минимални минути во своите клубови, не даваат 100 , туку 300 проценти од своите можности на теренот за својата репрезентација. Можеби сум досаден, но овие момци секогаш ќе ги фалам бидејќи го заслужуваат тоа.

Вчеравечер Македонија одигра еден борбен и незаборавен натпревар за нашиот народ. Селекторот Благоја Милевски веднаш по натпреварот имаше порака до неговите избраници: