Седмата рунда во Втората кошаркарска лига носи дерби дуел меѓу второ и трето пласираните екипи на табелата.
Вечерва во салата „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари, ќе играат екипите на Маџари и Шкупи.
Двата тима досега имаат ефект од пет победи и еден пораз, и се веднаш зад лидерот и досега не победлив МКК Куманово кој има максимални шест победи.
Тоа е само еден од трите натпревари што ќе се играат во терминот од 19 часот, останатите два се во Прилеп и Штип.
Колото ќе биде отворено со натпреварот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во кој вториот тим на МЗТ Скопје го пречекува четврто пласираниот тим на Ангели.
Останатите два натпреварот од ова коло ќе се играат утре.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
сабота
15.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ
19.00 МАЏАРИ – ШКУПИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО
19.00 СОКОЛИ – ТЕТЕКС
недела
16.00 ВОДНО САНС – РАБОТНИКИ 2018
19.00 КУМАНОВО 2009 – БОРЕЦ БАСКЕТ
ТАБЕЛА: МКК Куманово 12, Шкупи 11, Маџари 11, Ангели 10, Соколи 9, МЗТ Скопје У.Б. 9, Борец баскет 9, Водно Санс 9, Мега Баскет 8, Тетекс 7, Работнички 2 7, Куманово 2009 6.