Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата за претпоследната трка од сезоната во Формула 1, што ќе се вози за Големата награда на Вегас.

Возачот на Ферари, беше најбрз на утринските квалификации и стигна до својата а 23-та пол-позиција во кариерата. Тој оствари време од 1:32.726 минути, што беше за 44 илјадитинки побрзо од тимскиот колега Карлос Саинц.

Сепак Шпанецот поради бројните промени на болидот по инцидентот во петокот,  ќе биде поместен за 10 позиции.

Така зад Леклер, утрената трка во првиот стартен ред ќе ја почне шампонот Макс Верстапен.

Вториот стартен ред ќе го пополнат, Џорџ Расел до Мерцедес и Пјер Гасли во болидот на Алпин.

Тандемот на Вилијамс, кој е најпријатното изненадување на денот, Алекс Албон и Логан Сарџент ќе запопчнат од третиот стартен ред.

Стартот на Големата награда на Лас Вегас е закажана за утре во 7 часот наутро.