Македонија е една од ретките репрезентации во светот која нема негативен биланс со репрезентацијата на Италија.
До сега Македонија и Италија имаат одиграно три натпревари. По една победа за двете селекции и еден натпревар заврши без победник.
Двапати досега сме играле во квалификациите за Светските првенства. За Мундијалот 2018-та, Азурите беа подобри за „влакно“.
На првиот натпревар во Скопје (09 октомври 2016), Италија стигна до победа во 92-минута со голот на Чиро Имобиле и направи целосен пресврт (3:2).
Александар Трајковски е „ноќна мора“ за Италијанците
Трајковски на двапати успеваше да постигне гол против Азурите.
Во истите квалификации (СПО 2018), на реваншот во Торино (6 октомври 2017), Трајковски беше стрелец на израмнувачкиот гол за 1:1.
За жал Трајковски поради оцреда вечерашниот натпревар во Рим ќе го пропушти.
Но, голот на Трајковски во Палермо во баражот за Мундијалот во Катар (24 март 2022), Италијанците вечно ќе го паметат. Тој пораз сигурно е еден од најболните за Италија.
Во последниот дуел одигран во овие квалификации (ЕП 2024-та), во Скопје, Енес Барди на фантастичен начин им донесе „реми“ на црвено-жолтите со 1-1.
Во продолжение погледнете ги сите досегашни голови на четирите натпревари меѓу Македонија и Италија.