Во Првата македонска фудбалска лига викендов ќе бидат одиграни натпреварите од 14-тото кол.
Денеска на програмата се четири средби.
Шампионот Струга Трим Лум гостува во Струмица кај Брера додека трето рангираната Шкендија во Тетово го пречекува Тиквеш.
Интересно се очекува да биде и на останатите два натпревари бидејќи во нив играат четирите посебно рангирани екипи.
Вардар е домаќин на Воска спорт, а Гостивар се среќава со Брегалница.
За утре покрај дербито во Кратово меѓу Силекс и Шкупи закажан и дуелот и во Ѓорче Петров меѓу Македонија и Работнички.
Сите натпревари ќе почнат во терминот од 13 часот.
ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
сабота
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л.
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
недела
СИЛЕКС – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ



































