Актуелниот шампион Ѓорче Петров лесно го доби дерби дуелот со Чаир и остана со максимален ефект на врбот на табелата. 
Ѓорќепетровки во дуелот ос 7.коло на Супер лигата го совладаа Чаир убедливо со 45:29.

Двете екипи влегоа мотивирани во овој натпревар и се играше израмнето само во воведните пет минута кога беше 3:3.

Ѓорче Петров со серија 6:0 поведе со 9:3. Домаќинот само ја зголемуваше предноста, па во 16-тата минута поведе со 12:4. Чаир немаа никакви шанси да ја намалат негативата додека Ѓорче беа незапирливи и во 25-тата минута за прв пат имаа двоцифрена предност (17:7). На полувреме домаќините заминаа со позитива од +13 (21:8).

Во втората половина Чаир се обидуваа да ја намалат негативата но, домашната екипа не дозволи. Ѓорче Петров во 57-та минута зголеми на максимални 42:27. Крајниот резултат беше 45:29.

Најефикасни од Ѓорче Петров беа Анастасија Николовска со дванаесет и Емилијана Ризоска со десет погодоци. Од тимот на Чаир Озкан Севданур даде десет гола.

Ѓорче Петров во овој натпревар се покажа како поквалитетна екипа и заслужено останува на првото место на табелата со максимални 21 бод. 

Во првото дерби од денешната програма Куманово како гостин го победи Вардар. 

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 7.КОЛО
сабота 
ДЕСПИНА – СКОПЈЕ 24-20
ПЕЛИСТЕР – АСТИБО 37-18
ВАРДАР – КУМАНОВО 24-25
СТРУЖАНКА – ШАМПИОН 39-33
СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 26-25
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР 45-29
недела
17.00 МЕТАЛУРГ А. – ГЕВГЕЛИЈА

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 21 бодови, Куманово 18, Вардар 16, Чаир 16, Стружанка 13, Пелистер 13, Металург Автокоманда 12…

Ивона Кимовска