Абердин го слави македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Токму Миовски е најзаслужен што оваа екипа се пласира во финалето на шкотскиот Лига Куп. 

Во полуфиналето на ова натпреварување Абердин на гостувањето кај Хибернианс славеше со 1:0, а Миовски беше стрелец на единствениот гол.

Противник на Абердин во финалето на Лига Купот ќе биде победниот од утрешниот меч меѓу  Хартс и Глазгов Ренџерс.