Хери Кејн продолжува со фантастичните настапи за Баерн Минхен. Овој пат беше кобен со хет-трик против Борусија Дортмунд.
Баерн фуриозно го отвори натпреварот и по 10 минути игра имаше веќе 2:0. Головите беа дело на Упамекано и Кејн. Двата дојдоа од асистенции на Лерој Сане.
Дортмунд не беше никаква закана за Баерн цел натпревар. Хери Кејн до уште два гола во завршетокот на вториот дел ја запечати победата на Баерн.
Со триумфот од 4:0 Баерн се задржува на втората позиција со 26 бода. Борусија Дортмунд пак со 21 бод остануваат на 4-та позиција во Бундеслигата.
Андреј Велјаноски