Избраниците на Симоне Инзаги ја продолжија победничката серија и со 1:2 ја совлада Аталанта.
Одличен натпревар одиграа двата тима кои влегоа во вечерашниот натпревар со две последователни победи, Интер од првата позиција додека пак Аталанта од петтата.
Резултатот го отвори Хакан Чалканоглу кој во 40-тата минута го реализираше ударот од 11 метри.
Гостите во 57-та минута преку Лаутаро Мартинез ја зголемија пресност на 0:2.
Тимот на Гасперини брзо одговори и преку Скамака во 61-та минута се врати во натпреварот и намали на 1:2.
Аталанта до крајот на натпреварот притискаше за изедначување но Јан Сомер со одлично интервенции ја сочува предноста на Интер кој со нови три бода се зацврсти на табелата