Фудбалерите на Баер Леверкузен потврдија дека не случајно се на лидерската позиција во Бундес лигата,

Во натпревар од 10.коло Баер како гостин го совлада Хофенхајм со резултат 2:3.

Фантастично полувреме одиграа гостите. Вирц им донесе водство на „фармацевтите“ во 9.минута, а во првата минута од судиското надополнување го Грималдо зголеми на 0:2.

Сепак, „блицкригот“ на домаќините стигна за само две минуто во вториот дел. Преку Стах и ​​Вегхорст (56 и 58.минута), Хохенјајм израмни на 2:2. Дека Грималдо е еден од клучните играчи на Баер, Шпанецот потврди со својот втор гол кога во 72.минута ги постави конечните 2:3 за гостите.

Голем кикс направи екипата на Лајпциг која на гостувањето кај досега последно пласираниот Мајнц загуби со 0:2. 

Баер Леверкузен е лидер на табелата со 28 бодови, пет повеќе од минхенски Баерн кој вечерва (18.30 ч) гостува во Дортмунд кај Борусија која е четврта со 21 бод колку што има и Штутгарт.

Андреј Велјаноски