Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија е во Солун, каде денеска и утре ќе игра против Грција.
Селекторот Кирил Лазаров ќе може да провери повеќемина ракометари, а воедно да ја воигра репрезентацијата за пристојното Европско првенство.
Тоа ќе бидат и единствените контртроли, пред официјалниот старт на подготовките за шампионатот што ќе се одржува на почетокот на следната година.
Филип Талевски смета дека, овој двомеч е добар за да се види што ќe треба да се подобри во играта на црвено-жолтите.
,,Грција во последните години вложува во ракометот и ќе игра на ЕП 2024 година.
Ќе одиграме два квалитетни натпревари и ќе видиме до каде сме.
Овие натпревари ќе бидат показател на што ќе треба да обрнеме внимание во подготовките за ЕП каде ќе играме со силни противници“,
Првиот натпревар меѓу Грција и Македонија ќе се игра попладнево од 17:30 часот, а во истиот термин ќе се игра и утрешниот.