На свечената церемонија одржана во Париз, беа доделени признанијата „Златна топка“ во изборот на „Франс Фудбал“
Очекувано, Лео Меси го понесе ова признание и тоа по осми пат во својата кариера. Меси во минатата сезона ја предводеше Аргентина до мундијалскиот трофеј, како и ПСЖ до новата титула.
Ерлинг Халанд кој го понесе признание за најдобар голгетер, заврши зад Меси, а пред фудбалерот на ПСЖ и француската репрезентација Килијан Мбапе.
Во женска конкуренција признанието и припадна на фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати.
За најдобар млад фудбалер беше избран голгетерот на мадридски Реал, Џуд Белингам, кој лани имаше фантастична сезона во Борусија Дортмунд. Најдобар голман е Аргентинецот, Емилијано Мартинез.
Европските шампиони, Барселона во женска и Манчестер Сити во машка конкуренција очекувано ги понесоа признанијата за најдобри екипи за сезоната 2022/2023.