Екипата на Борец Баскет славеше победа над Водно Санс во натпревар од 4.коло на Втората лига.

На дуелот одигран вечерва во Велес, домашниот тим до својот втор триумф стигна со конечни 85-76. За гостите од Скопје, составот на Водно Санс, ова е прв пораз сезонава во второлигашката конкуренција.

Сега „Сонцата“ од Водно имаа „скор“ 3-1 (порази-победи). Со ист број на бодови (7) се и Шкупи и Соколи. Штипскиот тим денеска на гостувањето во Скопје убедливо победи вториот тим на Работнички и се проби на втората позиција.

Во тек е последниот натпревар од денешната програма во кој Маџари ја има улогата на фаворит со Куманово 2009 кој досега ги загуби сите четири натпревари.

Оваа рунда ќе биде комплетирана во среда со натпреварот меѓу сега единствениот непоразен тим на МКК Куманово и скопски Ангели.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
недела
РАБОТНИЧКИ 2 – СОКОЛИ 70 – 87
БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС 85 – 76
МАЏАРИ – КУМАНОВО 2009
одиграно вчера (сабота)
ШКУПИ – МЕГА БАСКЕТ 78-58
ТЕТЕКС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 61-91
ќе се игра во среда
20.00 МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ

ТАБЕЛА: Шкупи 7, Соколи 7, Водно Санс 7, МКК Куманово 6 (-1), МЗТ Скопје У.Б. 6, Борец Баскет 6, Ангели 5 (-1), Маџари 5 (-1), Мега Баскет 5, Работнички 2  5, Тетекс 4, Куманово 4 (-1).