Дејан Георгиевски освои уште едно одличје, вкупно четврто од Г1 турнирите.

Најдобриот македонски таеквондист, се закити со сребро на турнирот во Букурешт.

Поради повреда здобиена во една од борбите Гергиевски беше принуден да го откаже настапот во финалето.

Претходно тој со 2:0 ги победи Полет Мануел од Белгија, Андриј Харбар од Украина и Турчинот, Емре Кталмиш

За само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои 4 медали (2 златни и 2 сребрени).