Прва една-два позиција оваа сезона за возачите на Ферари во квалификациите за трката за ГН на Мексико.
За Леклерк ова е втора пол позиција оваа сезона или вкупно 22-ра во кариерата. Тој го извозе најбрзо кругот со време од 1:17.166 минути.
Саинц задоцни само за 0,67 илјадити делови од секундата, а третиот Верстапен доцнеше за 0,89 секунди.
Од вториот ред утре ќе тргне Даниел Рикардо од Алфа Таури. Домашниот возач, Чеко Перез е шестти, а Хамилтон седми.
Најдобрите 10 во кваливикациите ги предводат уште и Пјастри од Мекларен, Џорџ Расел од Мерцедес и возачите на Алфа Ромео, Ботас и Жу.
Трката за Големата награда на Мексико, на програмата вечерва од 21 часот по македонско време.