Во женската ракометна Супер лига денеска ќе се играат пет натпревари од 6-тото коло.

Дербито е во Куманово каде истоимената домашна екипа го пречекува составот на Ѓорче Петров.

Тоа ќе биде дуел на двете екипи кои досега имаат по максимални пет победи. Ова на некој начин е „Супер куп“ дуел, бидејќи Кумановки се актуелни освојувачки на Купот, а ѓорчепетровки се актуелни шампионки.

Натпреварот што ќе се игра во спортската сала ,,Перо Наков” е последниот од денешната програма.

Исходот од овој меч ќе го следат ракометарките на Чаир кои со вчерашната победа над Деспина избија на 1.место на табелата со 16 бодови, еден повеќе од Куманово и Ѓорче Петров.

Зад оваа тројка е екипата на Вардар која со гостувањето во Штип кај Астибо ќе ја отвори денешната програма.

Сите натпревари може да ги гледате овде во живо овде.
Одберете го (кликнете на) посакуваниот натпревар. 

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 6.КОЛО
недела
12:00 АСТИБО – ВАРДАР
12:30 ШАМПИОН – ПЕЛИСТЕР
14:00 СКОПЈЕ – СПАРТАК
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
20:00 КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
одиграно вчера (сабота)
ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА  24-39
ЧАИР СКОПЈЕ – ДЕСПИНА  40-22

ТАБЕЛА: Чаир 16 бодови, Куманово 15, Ѓорче Петров 15, Вардар 13, Стружанка 10, Металург Автокоманда 9…

Ивона Кимовска