Македонскиот одбојкарски првак Струмица го претрпе и вториот пораз во квалификациите за Лигата на шампионите.
На турнирот од првата група во Бургас, Бугарија, струмичани се поразени во три сета (0:3) од екипата на Бундванска Ривиера.
Уште од самиот почеток се виде дека црногорскиот шампион лесно ќе се справи со нашиот, кој единствено добро одигра во првата половина на вториот сет.
Во првиот сет, Струмица освои 15, а во следните два по еден поен повеќе (25-15, 25-16, 25-16).
За нашиот шампион за кого ова е втор пораз во квалификациите, останува само уште утрешниот меч против унгарскиот Фино Капошвар.
Потсетување дека на овој турнир струмичани настапуваат без странските засилувања, кои не добија дозвла од ЦЕВ.