Се одигра вториот меч од 2.коло во првата женска одбојкарска лига на Македонија.
Во Скопје во спортската сала ,,Македонски херои,, одбојкарките на Струмица жени го совладаа домашниот тим на ЖОК Вардар ЕМ со убедливи 3-0 во сетови.
ОК Струмица жени стигнаа до победата за нешто повеќе од час и половина игра со резултат (7-25, 15-25, 5-25)
Па така Струмичанки стигнаа и до втората победа во сезоната. Тие во 1.коло беа подобри со истиот резултат и против Фит Фан Волеј.
Во тек е средбата помеѓу Фит Фан Волеј и Вардар жени 2019.
Второто коло ќе се комплетира во понеделник кога во дербито ќе се сретнат Јанта Волеј и Работнички.