Викендов во првата и втората женска одбојкарска лига на Македонија на програмата се мечевите од 2.коло

Дербито на колото е закажано за понеделник помеѓу финалистите од минатата сезона тимовите на Јанта Волеј и Работнички.

Се очекува интересно и неизвесно да биде на сите средби со можност некои од екипите да стигнат и до првата победа во новата сезона.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 2.коло
петок
20.00 Наковски Волеј – Младост УГД
сабота
12.00 ЖОК Вардар ЕМ – Струмица Жени
14.00 Фит Фан Волеј – Вардар Жени
понеделник
20.00 Јанта Волеј – Работнички

Во втората лига веќе се одигра еден натпревар помеѓу Форца и Газели Волеј. До победата стигнаа гостинките Газели Волеј убедливо со 3-0 во сетови.

Дербито се игра во Битола помеѓу Пелистер Волеј и Ускана Волеј.

ВТОРА ЛИГА (ЖЕНИ) – 2.коло
сабота
12.00 Фламинго Волеј – Виктори Волеј
13.30 ЖОК Куманово – Бами Кор
16.00 Македонија Макс – Универзитет во Тетово
16.00 Пелистер Волеј – Ускана Волеј
одиграно
Форца Волеј ЕМА – Газели Волеј  0-3