Барселона ја продолжи победничка серија во Лигата на Шампионите. Со 2:1 го совладаа Шахтјор за максимални три победи од исто толку натпревари.

Најзаслужни за третата победа на Барселона беа Феран Торес и Фармин Лопез кој по еднаш погодија а еднаш и асистираа. Феран Торез во 28.минута погоди на асистенција на Лопез, за да осум минути подоцна (36) Торес асистираше, а Лопез погоди за сигурни 2:0. Со овој резултат се заминаа на пауза.

Феран Торес, успеа да ја затресе противничката мрежа и во 59.минута, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Ваквата одлука ги мотивираше гостите  од Украина,  кои влегоа похрабро во натпреварот. Со првиот шут во рамките на голот преку Судаков во 62.минута дојдоа до гол, за 1:2.

ВАР технологијата вечерва не беше наклонета кон младиот шпански напаѓач Торес кој по поништениот гол во 59-тата минута, доби уште едно разочарување во 70-тата кога ВАР му поништи уште еден погодок.

Тимот на Шахтјор најголемата шанса за целосно враќање во мечот ја имаше во 83-тата минута кога одличниот удар на Тарас Степаненко заврши неколку сантиметри покрај голот.

Барселона ја задржа предноста и дојде до нови три бода, за вкупно девет и прво место на табелата.