Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за собир на претстојната ЕХФ недела.

Во рамки на ЕХФ неделата (30.10 – 05.11) селекција на Македонија ќе одигра подготвителни натпревари со репрезентацијата на Грција.

Собирот на ракометарите е закажан за понеделник (30 октомври) во 13 часот во хотел Александар Палас во Скопје. 

Македонија и Грција двата натпревари ќе ги играат во Солун на 3 и 4 ноември.