Ракометниот клуб Тинекс Пролет информира за промена на тренерското место.

Имено, Илија Темелковски, ќе ја води екипата на претстојното гостување во Прилеп закажано за петок.

Тренерот Алексо Лембанов си поднесе оставка од функцијата по шокантниот пораз од Вардар Неготино.

Сепак, управата се уште нема донесено одлука дали истата да биде прифатена.

„За да не бидат донесени брзоплети решенија, одлучивме за истата да се дискутира за време на паузата поради ЕХФ-неделата, a во меѓувреме тимот во Прилеп ќе го предводи Темелковски“, информираат до клубот.