На ден пред почетокот на новата сезона во НБА, навивачите на Милвоки ја добија најдобрата можна вест. Првата ѕвезда на тимот, Џенис Антетокумпо, го продолжи договорот на уште три сезони.
Грчкиот репрезентативец оваа информација ја објави на своите профили на социјалните мрежи.
Според „инсајдерот“ Адријан Војнаровски, Јанис потпишал нов тригодишен договор со Бакс, според кој ќе заработи 186 милиони долари.
Гркот во претстојната сезона треба да инкасира 45,6 милиони долари, а во наредната 48,7 милиони. Тоа веќе беше предвидено во стариот договор, додека новиот му гарантира 87,6 милиони во сезоната 2025/26 57,6, по што доби 62,2, а во сезоната 2027/28 потенцијално би можел да заработи 66,8 милиони евра.
Јанис Антетокумпо веќе десет години игра за Милвоки, за кои во просек бележеше 22,9 поени, 10,3 скока и пет асистенции.
Милвоки во ноќта меѓу четврток и петок ќе го одиграат првиот натпревар во новата сезона, а ривал ќе им биде Филаделфија.